Татко ми Џамбаз и Тереза Кесовија, фоткава ја најдов скриена дома, среќа што мајка ми никогаш не ја видела

Игор Џамбазов се потсети на татко му маестро Александар Џамбазов. Глумецот објави црно бела фотографија од него со пејачката Тереза Кесовија, на која и двајцата се насмеани.

„Татко ми Џамбаз со Тереза Кесовија. Фоткава ја најдов во неговата фасцикла со важни документи. Среќа што мајка ми Анче никогаш не го видела ова. Не би ѝ било мило да ги гледа двајцава раскезени. Ко реклама за Каладонт се“, рече Џамбазов.

За потсетување, маестро Александар Џамбазов почина минатата година на 86 години.

Scroll to Top