Тенисерката Лина Ѓорческа освои титула во сингл конкуренција на турнир во Грција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа првпат по 2019 година освои титула во сингл конкуренција.

Ѓорческа победи на фјучрс-турнирот во Ираклион, Грција, вреден 25.000 долари. Во финалето таа ја совлада Романката Мирјам Бјанка Булгару.

Ова е прва титула за Ѓорческа во сингл по речиси три години, последната ја освои на 1 декември 2019 година.

Ѓорческа досега има 12 титули во сингл конкуренција, а ова е трета со награден фонд од 25.000 долари.

Scroll to Top