Тенисерот Калин Ивановски влезе во осмина-финалето на турнир во Мадрид

Македонскиот тенисер Калин Ивановски стигна до осмина-финалето на ИТФ фјучерс-турнирот во Мадрид, кој се игра на тврда подлога.

Ивановски славеше против Французинот Дешамп по два часа игра.

Во борбата за пласман во четврт-финалето Ивановски ќе се сретне со домашниот тенисер Милино, мечот се игра утре, со почеток од 10 часот.

Scroll to Top