Тијана го издаде Тони дека ќе снима серија во Белград

Актерот Тони Михајловски е во Белград со сопругата Александра и синот Максим. Освен што се прошетаа низ градот, времето го искористија и за дружење со Тијана Дапчевиќ, која ги одведе во познат ресторан на Кнез Михајлова. Таа објави фотка од вечерата, па освен што се пофали дека ѝ дошле другарите, вели: „Тони ќе снима некоја серија, а ние му сметаме“, напиша таа.

Не е првпат Тони да има улога во познат српски филм или серија. Пред неколку години тој беше актуелен со серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, каде што глумеа и Јана Стојановска и Петре Арсовски.

Scroll to Top