Тијана: Престанете да ми ги критикувате забите, не може сите да имаме бели како керамика „Младеновац“

Тијана Дапчевиќ се пожали дека многу луѓе ѝ ги критикуваат забите на социјалните мрежи, до толку што знаат да ѝ испратат порака дека треба да ги среди. Изреволтирана од коментарите, таа сними видео каде кажува дека кривите заби ѝ се заштитен знак. Па ги замоли сите што имаат проблем со нејзините заби да ја остават раат оти таа си ги сака долните заби какви што се.

„Забележав дека имате голема потреба во инбокс и на постовите да ми пишувате: ‘Тијана, среди си ги долните заби’. Тие моите долни заби се мој заштитен знак. Значи, тие моите нерамни, неправилни долни заби ми се заштитен знак. Проблемот е во тоа што многу често ми се создава забен камен, и кога тој ќе се појави, изгледа како да немам долни заби, како тоа да е страшно. Ама јас ја сакам таа моја неправилност. Тоа го имаме само Питер Габриел и јас. И пуштете ме да бидам неправилна. Не може секој да има бели заби А1, керамика Младеновац, жал ми е. Ги сакам моите неправилни заби, само се криви, ништо друго“, вели Тијана.

Пејачката во моментов се спрема за настап на Беовизија. Таа ќе пее третпат на српскиот избор на Евросонг, овој пат со песната „Мамим“, што за неа ја направи Ана Радоњиќ. Таа претходно на Беовизија таа ги испеа „Љуби љуби до века“ и „Грех“.

[/video]
Scroll to Top