Тијана Дапчевиќ третпат ќе пее на Беовизија, српскиот Избор на песна за Евровизија. Таа ќе ја настапи со песната „Мамим“, што за неа ја направи Ана Радоњиќ, позната како Зои Кида. Македонската пејачка и лани се натпреваруваше на Беовизија со песната „Љуби љуби до века“, а настапи и во 2006 година со песната „Грех“.
Оваа година Беовизија ќе се одржи на 1 и 2 март, а финалето е закажано за 4 март. За победник на фестивалот и српски претставник на Евросонг ќе се натпреваруваат 32 изведувачи, меѓу кои и „Фрајле“, „Хурикејн“, Ангелина и други.
За потсетување, Тијана ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година во Копенхаген со песната To The Sky, но не влезе во финале.