Тимот на „Медена Земја“ во креации на Кокев ќе оди по „оскарите“

By

Модната дизајнерка Тања Кокев ќе ги облече режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска со целата екипа која работеше на документарецот „Медена земја“  за свеченото  доделување на Оскарите во февруари во Беверли Хилс, Лос Анџелес.  Таа објаво на својот фејсбук-профил нивни зеднички фотографии.

За првпат во историјата на македонската кинематографија филмска екипа од Македонија ќе очекува два Оскари на доделувањето на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука.  „Медена земја“ доби две номинации, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Екипата во креации на Кокев се појави и на доделувањето на Европските филмски награди во декември. Документарниот филм е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне