Тони Михајловски добитник на наградата „13 Ноември“

Првенецот на Македонскиот народен театар,Тони Михајловски е добитник на Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за 2022 година. Наградата му ја додели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, на свечената церемонија во Националната опера и балет.

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, доби награда за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.

Хуманитарната организација „Свети Спас“ – Скопје доби награда за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица. Добитници на „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2022 година се и Игор Радев кој доби награда за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност, Љупчо Јолевски за четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството, Весна Мојсова Чепишевска за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.

Награда доби и Ристо Малчевски за покренувaњето на онлајн платформата www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време на недостиг на учебници за основно и за средно образование, Арлинда Калиси за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.

Митко Б. Панов ја доби наградата 13 Ноември за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“, додека Силвана Георгиева доби награда за  значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.

За спортските успеси се наградени Дејан Георгиевски за освоениот Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година, како и Ракометниот клуб Вардар 1961.

Ракометниот клуб „Вардар 1961“ ја доби наградата за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани. Награди добија и учениците и студенти: Алексиј Тасиќ. Ангела Костуранова и Ејрона Абази.

Од областа на здравствената заштита наградени се проф. д- р Смиља Туџарова-Ѓоргова и д-р Соња Бојаџиева, а од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата наградени се група творци – тим Среќа: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов.

Групата „Тим доза среќа“ во состав на  Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов ја доби наградата за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.

Фото/Фејсбук

Scroll to Top