По распродадениот прв тираж на книгата „Торонто експрес“, на полиците на „Литература“ е и вториот тираж од хит-книгата, чиј автор е Зоран Спасов – Ѕоф.
Книгата, која ја раскажува реалната приказна во која се поставува основното прашање зошто луѓето си заменуваат од Македонија, беше инспирација за истоимената претстава во МНТ, во која игра Александар Микиќ, а е во режија на Јордан Симонов. Урнебесната комедија, која го наполни театарот и понатаму е хит, па сега со секоја купена книга „Торонто експрес“ и од вториот тираж следува гратис билет за претстојните претстави во МНТ.
„Торонто експрес“ доби одлични критики, сите четири претстави во декември беа веднаш распродадени, а за јануари се закажани уште четири.
Комична приказна спакувана во еден час, во која Микиќ успеа да ја насмее публиката до солзи играјќи го ликот на Божо Вампирот, Македонец што заминал со фамилијата во Канада за да си ја бара среќата. Книгата по која е работна претставата е одлично четиво за причините зошто Македонците бегаат од тука и дали реално има фајде од носталгија.