Тошо Малерот се врати од Австралија

Тошо Малерот се врати дома, а на аеродром го пречека Миле Паника. Пред неколку години Васко Тодоров се пресели во Австралија, каде што се ожени. Но, македонската јавност оттогаш го очекува неговото враќање и новата средба со Бубо Каров и Бранко Огненовски и некое ново К-15 видео.

Оваа желба можеби и ќе им се исполни, бидејќи Тошо се врати во родната земја, а Бранко објави фотографија од неговото пристигнување и веднаш се пошегува „Дијаспората дојде да гласа“.

Scroll to Top