Трифун Костовски ја крена цела кафеана на нозе за 76. роденден

Бизнисменот и поранешен градоначалник Трифун Костовски наполни 76 години. За роденденот направи голема журка во позната скопска кафеана со семејството и многу пријатели. Додека му свиреа тамбурашите, Трифун запеа неколку стари македонски песни, па цела кафеана стана на нозе. Гостите играа и пееја, а бизнисменот не криеше дека му е мерак, па објави неколку слики и видеа на Инстаграм.

Трифун вели, не им се дава на годините. Еднаш во недела игра фудбал, тенис, а сака да почне да оди и во теретана. Пуши пура која му е афродизијак и сè уште снима песни кои планира да ги промовира. Од неодамна е со нов имиџ, долга коса и кежуал стил на облекување. Во разговор за „Репортер“ неодамна рече дека вака се чувствува убаво, далеку од конвенционалниот начин на облекување кога заради работата секогаш морал да носи костум и вратоврска и не можел да пушта брада.

„Уживам во новиот стил. Се чувствувам слободен. Кога влегов во пензија станав малку и мрзелив за да се средувам секој ден“, ми рече тогаш Костовски.

 

Scroll to Top