Трифун Костовски на 71 година се враќа на музиката

Поранешниот скопски градоначалник и бизнисмен Трифун Костовски (71) по неколку години пауза се враќа на музиката. И овој пат тој ќе соработува со неговиот долгогодишен пријател Александар Митевски, кој на социјалните мрежи објави нивни заеднички фотографии на кои снимаат во студио.

„Засега не би можел многу да откривам, сè уште не е почнато снимањето на песните, но сепак, во план е нешто ново, па следната недела би кажале нешто повеќе“,  ни изјави Митевски, кој е неговот долгодишен соработник и пријател.

Костовски, освен што го подржуваше македонскиот спорт, беше во политиката, а со Митевски заедно ја отпеаја и познатата „Срце тетовирано“.

 

Scroll to Top