Цела фамилија на море: Ребека ужива со синовите и мајка си

Ребека Јанковска Ристески заедно со нејзиното семејство е на одмор. Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крила“ на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од летното уживање.

„Ние“,напиша Ребека.

Ребека на фотографиите позира заедно со сопругот Милан, нејзината мајка Роза, како и синовите Маркијан и близнаците Макариј и Доротеј.

Ребека изминатите години се повлече од музичката кариера и се посветена активистка во улога на основач на здружението „Дајте ни крилја“, кое се стреми да овозможи соодветни услови за квалитетен живот на лицата со посебни потреби.

Фотот: Ребека Јанковска Ристески Фејсбук

 

Scroll to Top