Цела фолк-естрада на „Охрид фест“, првпат фестивалот без поп и интернационални пејачи

Со скратена програма и тоа само со фолк-вечерта  на 11 септември на  сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи Музичкиот летен фестивал „Охрид фест 2020“. Ова 27. фестивалско издание првпат ќе се одржува во услови наметнати од пандемијата на Ковид-19, и согласно препораките  ќе биде со строги ограничувања на бројот на места за публиката.

„За жал, состојбата со коронавирусот ни ги смени плановите, но така е и кај нас и во целиот свет . До последен момент преговарав со странските учесници и телевизии и дефинитино Интернационалната вечер ја одложуваме за 2021 година. Неизвесноста со пандемијата во нашата земја, карантин од две недели, што ги чека учесниците по враќањето во нивната земја, ме предизвика годинашното издание да биде во знак на фолк-вечерта“, вели  Григор Копров, идејниот творец на фестивалот. Привршуваат подготовките за фолк-вечерта, песните се одбрани, а сцената на „Долни Сарај“ е подготвена за промоција на новите фолк-композиции. Ќе настапат 19 музичари од домашната фолк-естрада, меѓу кои Анита Бошкова, Гордана Микиќ, Мишко Микеле Србиноски, Зоран Христов, Милован Секулоски и Позитив бенд, Јуле Николовска, Методија Столески, Јовица Мицевски Бамбус, Добрила Чабриќ, Анета Арсовска, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Баже Груевски, Ирена Спасовска, Скопски боеми, Ибро Лабунски, Петар Нечовски, Барбара, Благица Павловска.  Во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, а наградата за промоција на музиката на балканските простори му припадна на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути бенд“. Целата музичка вечер директно ќе ја пренесува МРТВ

Scroll to Top