Црн фустан и бела ружа избра сопругата на премиерот за свечената вечера на НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски со сопругата Елена присутвуваа на свечената вечера во чест на шефовите на делегации на сојузниците на НАТО и партнерите, ја приреди претседателот на Литванија, Гитанас Нуседа и неговата сопруга Дијана Нуседа.


Ковачевка на примот носеше црн струкиран фустан, кој од половина надолу шири, без ракави со впечатлив детал од бела ружа од левата страна на рамото со потпис на македонската модна креаторка Тања Кокев.

„Чест ни е што г-ѓа Елена Ковачевска на свечената вечера, организирана од страна на претседателот и првата дама на Литванија на Самитот на НАТО, беше облечена во Кокев. И благодариме што ја оживеа нашата рачно изработена бела ружа“, рече Кокев.

Сопругата на премиерот скоро за секое јавно појавување одбира модни парчиња од модната куќа Кокев,со што ја промовира македонската мода во странство исто како и првата дама Елизабета Ѓеоргиевска. Сопругата на претседателот Пендаровски е позната по тоа што на јавни настани и средби со странски државници носи креации од македонски дизајнери.

Scroll to Top