Црн капут за Столе, дуксер за Елмас, а „Гучи“ за Несторовски: македонските фудбалери пристигнаа во Скопје

Во кежуал лежерни комбинации кога не се во дресот на националниот тим, пристигнаа македонските репрезентативци во Скопје.

Се собраа за да ги започнат подготовките за пријателските натпревари против Финска и Азербејџан кои ќе се играат на Националната арена „Тодор Проески“.

Тексас јакна, црн долг капут во комбинација со старки за чуварот на македонската мрежа, Столе Димитриевски. Елиф Елмас со црн дуксер, капче и фармеки. Илија Несторовски во тренерки со потпис на „Гучи“.

Инаку голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, сними моден едиторијал за шпанскиот онлајн магазин 25Gramos, во соработка со „Минишоп Мадрид“.

„Минишоп е продавница од Мадрид каде што се промовираат нови креатори, а креираат и самите сопственици на продавницата. Заедно спремаме нешто ново што ќе го реализираме по летото“, кажа Столе.

Тој во интервјуто, кое е насловено „Фудбал и мода со најдобро облечениот голман во Ла Лига“, зборуваше за кариерата, но и за љубовта кон модата и кафето.

Scroll to Top