Твитерџиите ја исмеаја Зои Блаж

Твитерџиите ѝ фатија сеир на поранешната пејачка, Зои Блаж. На Твитер се појави фотографија на која Зои во фејсбук-групата „Женски домаќински муабети“ објавила слика од својот роденден со коментар „Денес е убав ден, денес ми е роденден“.

Жените-членки на групата ѝ го честитаа роденденот и ѝ посакаа многу здравје, среќа и успеси. Ама, твитерџиите во својот препознатлив стил ја споделуваа сликата со коментари: „Оваа уште си мисли дека е пејачка“, „Некој пати за внимание?“, „Домаќинката во домаќински“.

Зои Блаж вчера го прослави 23. роденден. Таа сними неколку песни, но веќе некое време не е актуелна на музичката сцена, туку работи како шминкерка.

Scroll to Top