Улица во Скопје ќе го носи името на маестро Александар Џамбазов

Градочалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кажа денес дека една улица во Скопје ќе го носи името на легендарниот диригент и композитор Александар Џамбазов.

„Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Денес беше комеморацијата за Александар Џамбазов која се одржа во МОБ. Легендарниот композитор и диригент и втемелувач на македонската детска и популарна музика  почина на 25 јануари на 85 години.

Прво бев маж на Анче, па зет на Петре Прличко, па татко на Тања и на Игор. А што сум јас? Ти си маестро, маестро мој: Комеморација за Александар Џамбазов

Scroll to Top