Вака нема живот братучед: Џамбазов падна во депресија откако шест часа немаше социјални мрежи

Популарниот актер и шоумен Игор Џамбазов утрово се пожали на Инстаграм за падот на социјалните мрежи. Тој му е лут на Марк Цугерберг, основачот на Фејсбук, дека дозволил такво нешто.

Џамбазов секојдневно објавува најразлични содржини на својот инстаграм-профил, најчесто во вид на фотографии и цитати.

„Живот“, напиша тој во објавата.

За потсетување, вчера шест часа не работеа социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Ватсап. Доцна во ноќта тие повторно проработеа. За некои од корисниците и понатаму не бил недостапен Месинџерот и Ватсап.

По падот, акциите на Фејсбук на светската берза паднаа за околу 5 отсто, а Марк Цукерберг за неколку часа загуби речиси 7 милијарди долари

Цукерберг изгуби 7 милијарди долари по падот на Фејбук и Инстаграм

Scroll to Top