Св. Валентин во Парма: Горан Пандев и Надица

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Горан Пандев вчера славеше Валентајн со сопругата Надица. Фотка со многу срциња и како знак за љубовта објавија на Инстаграм. Пандев и Надица се од 2009 година  во брак и имаат три деца, синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија.

Надица во интревју неодамна раскажа дека воопшто не е лесно да се одржи една нормална семејна атмосфера оти Горан повеќе време поминува надвор од дома заради тренинзи, натпревари, патувања.

Двојката пред  13 години правеше голема свадба во Струмица. Сега се во Парма каде Пандев е од јануари и најави дека таму ќе ја заврши кариерата. На натпреварот викеднов го постигна и првиот гол за клубот.

Scroll to Top