Ване има нова љубов по разделбата со Дунавка

Ване Цветанов, поранешниот маж на манекенката Дунавка Трифуновска, има нова љубов. Тој објави фотографија на својот фејсбук-профил, па напиша: „Животот е еден и треба да се живее. Бранко Црвенковски“.

Блиски пријатели на парот за „Репортер“ потврдија дека Дунавка и Ване не се веќе заедно. Тие велат дека некогашната Мис на Македонија и нејзиниот маж се разделиле уште пред Нова година.

Ване, кој е поранешен претседател на претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, беше разрешен од функцијата лани во ноември, откако во јавноста се дозна дека ја вработил тогашната сопруга во Агенцијата, дека со државни пари заедно оделе на патувања, но и дека тој вршел незаконски јавни набавки и го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. На оваа функција Цветанов беше скоро три години.

Ване и Дунавка се венчаа во 2021 година, а еден месец по свадбата се разделија. Тогаш Дунавка кажа дека виновна за нивната разделба е мајката на Ване. Неколку месеци подоцна се смирија, Цветанов ја вработи Дунавка во неговата агенција, но по скандалот повторно се разделија.

Scroll to Top