Васил Хаџиманов доби светска награда за најдобар џез-пијанист

Музичарот Васил Хаџиманов ја освои светската награда за најдобар џез-пијанист на електрично пијано на 41. издание на Годишните награди на џез-радиостаници. Во категоријата за најдобрата џез-група, „Васил Хаџиманов бенд“ го освои второто место.

Помеѓу другите победници беа и врвни џез-уметници, како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореа, Ренди Брекер, Дејв Либман и многу други. Оваа награда ја оформи Арналдо Десутеиро, кој е џез-новинар, продуцент, историчар и предавач. Тој е продуцент на повеќе од 830 џез-композиции.

Белградскиот бенд „Васил Хаџиманов бенд“ се состои од Бојан Ивковиќ, перкусионист и вокал, Бранко Тријиќ, гитарист, Мирослав Товирац, бас-гитара, Предраг Милутиновиќ, тапани, и лидерот на бендот, познатиот џез-музичар, композитор, клавијатурист и аранжер Васил Хаџиманов. Познатиот џез-музичар ја учеше музиката на престижниот колеџ „Беркли“.

Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ.

Scroll to Top