Вечерва започнува јубилејното 30. издание на Охрид фест „Охридски трубадури“. На сцената во Долни Сарај ќе настапат голем број пејачи и музичари од Македонија и Балканот. Ќе има две фестивалски вечери. Во ревијалниот дел публиката ќе ужива во концертен настап на Сузана Спасовска.
Вечерва ќе настапат Милован Секуловски, Павле Витанов, победникот на шоуто „Никогаш не е доцна“, Јуле Николовска, Татјана Стефановска, Петар Нечовски, Катерина Танева и групата „Сарај“, Перо Христов, Даце Николовски, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Нино Величковски, а кам-бек ќе имаат и Татјана Лазаревска и Новица Василевски.
На втората вечер, на 2 септември, ќе настапат пејачи и од соседните држави како Дадо Топиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Божидар Волф, Срѓан Марјановиќ и други.
Организаторите, на чело со директорот Григор Копров, ветуваат две незаборавни вечери, полни со добра музика и нови песни, хитови, евергрин.