Велевска ги стави Грците во искушение

Престижниот грчки весник „Елефтеротипија“ во своето веб-издание објави текст за фолк-пејачката Елена Велевска, во кој ја опишува како „секс бомба“, „жена со голем сексапил“, „вистинско искушение за Грците“. Текстот со наслов „Сексапилната Елена Велевска летува во Переа“ е дополнет со многу фотографии од пејачката, направени на плажите во Грција.

„37-годишната пејачка е една од најпопуларните жени во соседството. Таа е вистинска секс бомба, нешто што можеа да го видат и жителите на Переа каде што летува годинава. Велевска ги возбуди мажите, а според позите на сликите, делува дека и таа ужива. Пејачката обично одморот го минува на Халкидики, но овој пат избра друга дестинација“, стои меѓу другото, во текстот.

„Елефтеротипија“ е еден од најтиражните и најчитани весници во Грција.

Η σεξοβόμβα Έλενα Βελέβσκα κάνει τις διακοπές της στην Πιερία [εικόνες]

 

Scroll to Top