Велевска и Гавазова првпат заедно

By

Фолк-пејачките Сузана Гавазова и Елена Велевска, кои во јавноста важат за ривалки, на 16 февруари ќе пеат во дискотека во Швајцарија. Ова е прв заеднички настап на пејачките и за кои се зборува дека не разговараат. Неодамна во интервју за „Репортер“ Сузана Гавазова демантираше дека таа и Елена се скарани.

„Разговараме со Елена, не сме скарани. Луѓето нè доживуваат како ривалки, но конкуренцијата е добра, се надополнуваме и се поттикнуваме една со друга, но и со другите пејачки, сакаме да бидеме подобри“, рече тогаш Гавазова.

Гавазова во моментот е актуелна со песната „Хало“, која е најава за српскиот албум што го подготвува. Велевска, пак, периодов беше на турнеја во Америка, каде што повеќе од еден месец одржуваше концерти пред македонската дијаспора.

Ќе ви се допадне