Велевска прозборе за разводот, била жртва на сејмено насилство

By

Фолк-пејачката Елена Велевска ја потврди веста до која дојде Репортер.мк дека се разведува со сопругот Маријан. На социјалната мрежа „Фејсбук“, Велевска напиша дека покренала бракоразводна парница, како резултат на семејното насилство кое го претрпела.

„Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста, би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму. Ви благодарам на разбирањето и поддршката“, напиша Велевска на „Фејсбук“.

Изминативе неколку дена Велевска ги мина во Охрид, каде што живее. Неодамна и во емисија на Канал 5, фолк -пејачката рече дека била на летување во Грција сама со своите три деца, Калија, Софија и Марко, кои ги има од бракот со Маријан.

Ќе ви се допадне