Вера Милошевска Јосифовска од етно групата Љубојна стана Магистер по фолклористика на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.
Вера објави фотографии од бранење на магистерскиот труд во кругот на нејзините блиски роднин, пријатели и соработници. Вера вели дека привилегија е да си пееш на магистерската одбрана.
„Моменти од одбраната на мојот магистерски труд и досегашно истражување на тема „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика”, а во нив прегратките на моите сакани луѓе, соработници, ученици и ценети професори. Благодарам на моето љубовно и неуморно семејство за ветерот во грб и поткрепата, на мајка ми Лидија Милошевска, на брат ми Горјан, на мојата сакана фамилија што секогаш ме држи на дланка, а верувајте многу сме. П.С. Недостасува само прегратката на татко ми, кој не доживеа да ме види во вакво академско издание. Си велам, се радуваш од висините тато“, напиша Вера.
Инаку Вера е професорка по традиционално пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Фото: Фејсбук Вера Милошевска Јосифовска