Весна Бејби: „Стави го на клада шоферот за ти да си ја спасиш фирмата“

Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на сопственикот на „Дурмо Турс”, Дурмиш Белули, по повод автобуската несреќа која се случи изминатата недела, во која загинаа 14 лица.

“Излезе газда на на Дурмо турс и си кажа дека шоферот е крив, секако после техничкиот преглед направен од неговата фирма. Како бе така? Стави го на клада, ти важно да си ја спасиш фирмата. Неверојатно!“, напиша Бејби на нејзиниот Фејсбук профил.

Белути претходно за медиумите изјавил дека автобусот бил во исправна состојба, но возачот ја изгубил контролата.
Scroll to Top