Трагедијата која се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија го потресе Балканот. Тринаесетгодишно момче пукало во своите соученици и наставници. Тој убил 9 луѓе, 8 негови соученици и еден чувар. А две деца и една наставничка се повредени.
Момчето Коста Крецмановиќ го планирал нападот околу еден месец. Регионот го потресе ваквата ситуација. Еден од статусите кои привлече внимание е овој на Весна Петрушевска:
„Денес е тажен ден за сите. Децата знаат да булираат, оние коишто се булирани не зборуваат за тоа! Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна. Деца на нејзина возраст. Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа. Мразам оружје, никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит. Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца, да ги слушнете, да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи. Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците. Одете до трети кат психијатрија на клиника! Одете видете не е тоа далеку од вас! Родителите сакаат сè најдобро за своите деца во тоа не се сомневам, ама не ги гледате, не сте сведоци на нивните паѓања и трауми. Што мислите колкав гнев имал Коста? Веројатно немерлив. Цело време зборувам за ментално здравје, а вие сте застанати кај анксиозност. Соочете се со опасноста на врсничкото насилство. Не оди вашата флоскула „моетo дете никогаш“ кога веќе сте на 5 метри од вашето дете тоа е друг лик. Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви. Ова го има и кај нас. Образовниот систем ни е ерозија, гледаат одвратни риалити програми, насилни гејмерски игри, социјални мрежи кои сосема погрешно се користат. Во каков свет ни растат децата“, вели Весна