Македонскиот пејач Адам Лабунски се пофали дека имал секс со повеќе од 350 жени. Ова го кажа во реалното шоу „Задруга“, во разговор со новата учесничка Жана. Адам не криеше дека таа му се допаѓа, па почна да ѝ раскажува дека е како диво животно во кревет, но и дека ако не се во шоуто, не би седел мирен покрај неа, туку би пробал да им секс со неа.
Иако Жана го одби, тој не престана да зборува за своите љубовни достигнувања, па ѝ раскажа и дека Македонците се многу нaдapeни мажи, но и што се случило кога бил на нудистичка плажа пред неколку години со негов братучед.
Адам е веќе неколку месеци дел од шестата сезона на реалното шоу „Задруга“ и лесто привлекува внимание со своето однесување. Тој на почетокот плачеше откако еден од учесниците во шоуто го искуба за коса и му искина прамен, потоа сакаше да си оди, а и една од девојките во шоуто почна да го тепа оти не ѝ се допадна како тој разговараше со неа.
Адам е син на пејачот Ибро Лабунски. Пред неколку години тој пееше во „Ѕвездите на Гранд“, но беше дисквалификуван откако се скара со својата менторка Марија Шерифовиќ. Брзо потоа се сврши со својата девојка Џејлана Дачиќ на романтично крстарење на Босфор, но парот до сега не се венча.