(Видео) „Ај кју“ не влегоа во финалето на Евровизија

„Ај кју“, македонскиот претставник на изборот за песна на „Евровизја“ не влезе во финалето на овој музички фестивал. Песната Lost and Found не се пласираше во првите 10 од вкупно 19 песни што беа испеани вчера во „Алтис“ арената во Лисабон.

Македонските претставниции пееја единаесетти по ред. Тие добија големи овации во текот на настапот од публиката во салата. Со Марија, Бојан и Иво од „Ај кју“, на сцената пееја и придружните вокали Антониа Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.

Откако беа соопштени резултатите со десетте земји што ќе пеат во финалето, реакциите на социјалните мрежи кај нас се поделени. Некои се разочарани што не влеговме во финале со добра песна, други го критикуваа настапот, а некои коментираат дека Македонија треба да се откаже од ова натпреварување. Македонија нема влезено во финалето на Евровизија од 2012 година, кога пееше Калиопи со песната „Црно и бело“.

Во финалето вчера се пласираа претставниците на Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска. Второто полуфинале ќе се одржи утревечер, по која ќе бидат познати уште десет финалисти. Финалето на 63. издание на Евровизија ќе се одржи во сабота на 12 мај.

Scroll to Top