(Видео) Актерите Лазар Бараков и Кирил Андоновски шизнаа во новиот спот на SAP Brothers

Браќата Влатко и Бранко Сапламаеви, познати како SAP Brothers, го промовираа спотот за нивната нова песна „Шизни си“. Во спотот, освен Бранко и Влатко, се појавуваат и актерите Кирил Андоновски, Лазар Бараков и Оливер Настовски – Батка.

Песната ја раскажува нивната животна приказна.

„Ова е песна за сите браќа, помали и поголеми. Таа е кратка и јасна и само повикува на насмевка и малку шизнување. Влатко најубаво знае дека после тоа сѐ е полесно“, вели Бранко.

Ова е второ видео на SAP Brothers, кои неодамна го сминија спотот за песната „Љубов си ти.

Scroll to Top