Македонскиот кандидат на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски од Охрид, доби шест гласа од жирито, но не влезе во финалето на музичкото натпреварување. Тој пееше во дуел со Садик Хасановиќ и ги испеа песните „Кад заборавиш јули“ и „Македонија“.
„Најдобар машки рок-кандидат на ова натпреварување, тоа го покажа и докажа. Дечко, никој не ти е рамен. Ти никогаш не направи ниту една грешка“, изјави Карлеуша, која гласаше за Јосифовски.
На крајот двајцата кандидати освоија по шест гласа и по прегласувањето, Хасановиќ влезе во финалето, а Александар пееше во баражот, но таму не помина.
Кога испадна од „Гранд“, Александар им се заблагодари на сите за поддршката, најмногу на менторот Ѓорѓе Давид, а откри и дека подготвува нова песна, која ќе ја промовира набргу.
Настапот на Александар почнува на 2:12:45.