(Видео) Александар Тарабунов ја заведе Ивана

By

Пејачот Александар Тарабунов го промовираше спотот за неговата нова песна Senorita. Музиката за песната ја направи тој, текстот е на Луна Ристиќ, a аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов, со кого соработува долги години наназад. Видеото, во режија на Зоран Стојановски – Зонде, е снимено на неколку локации во Скопје. Освен Тарабунов, во спотот главниот лик го глуми манекенката Ивана Савовиќ, а се појавуваат и мамекенките Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

„Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека Senorita е одлична увертира за она што допрва следува од мене“, рече Тара.

Ќе ви се допадне