Александар Тарабунов ја промовираше неговата најнова песна „Снегови“, која ја смета за најискрената композиција во неговата досегашна кариера.
„Оваа песна претставува не само дел од мојата уметничка душа, туку и најава за возбудливи проекти што допрва доаѓаат. Новиот и вистинскиот јас. Како комплетен автор на „Снегови“, горд сум што токму на најголемиот христијански празник – Божиќ, оваа песна ја пуштив во етер, носејќи ја топлината и магијата на празничниот дух до сите вас“, изјави Тарабунов.