(Видео) Александар Темелков промовира нова свадбарска песна

Македонскиот фолк-пејач Александар Темелков има нова песна „Свадбарска“. Музиката и аранжманот се на Славко Лазаревски, а текстот е на Стојан Ристески. Песната ја промовираше во емисијата „Имат немат“. Откако пееше во „Ѕвездите на Гранд“, Александар сними неколку народни песни. Тие се пуштаат на радијата, а се пеат и на веселби.

Пејачот неодамна дипломираше, и тогаш најави дека паралелно ќе се посвети и на музиката и на правењето вино, оти заврши енологија.

Дипломираше пејачот Александар Темелков, сега ем ќе пее ем ќе прави вино

Scroll to Top