Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас пред натпреварот со Италија отворено зборуваше за неговите почетоци во фудбалската репрезентација на Македонија. Се потсети кога првпат бил повикан за А селекцијата и рече дека уште како дете сонувал и го чекал тој момент.
„Паметам кога бев повикан за А селекцијата. Кога ќе размислиш кога ќе играш против една Шпанија која беше актуелен европски и светски првак, за мене сето тоа беше незаборавно. Тој натпревар за мене беше исполнување на сонот. Деби за А селекцијата против еден таков противник и такви играчи за мене беше нешто незаборавно. Само кога ги видов ми се насолзија очите, зошто до тогаш со нив играв само на плејстешан“, рече Елмас и раскажа за првата средба со Алиовски.
„Првиот ден во селекцијата бев со Алиовски. Прво што прашав кога ми кажаа дека сум со него е дали знае македонски. Ми рекоа дека знае, ама не толку добро. Отидов во собата и чукнав на врата, а Џани излезе и ме праша кој сум. Му објаснив дека сум во репрезентацијата. Ми мавна со рака и ми рече да одам во друга соба. Не можев ништо да му кажам, па се вратив на рецепција и им реков дека не ме прими. Тогаш со мене дојде менаџерот Бојан ѝ му рече на Алиоски дека сум со него во собата. После тоа не спиев до доцна ноќта. Кога станав утрото немаше место за мене, седев на самиот ќош на масата. Нормално, како млад фудбалер сите ме зафркаваа и ми викаа да трчам по топката. Но јас им реков дека не сакам и дека и тие се луѓе со две раце, две нозе и една глава. Сакав да ги натерам тие да трчаат по мене. Тогаш Несторовски ќе ми викнеше, абе ти дете улаво да не си, а јас ќе му одговорев дека не сум и дека јас така размислувам. Паметам не можев да јадам од што се смеев, ми беше интересно“, рече Елмас.
За потсетување Елмас се очекува да биде еден од главните играчи за гол во сабота на мечот со Италија. За потсетување тој поради парни жолти картони го пропушти натпреварот во Сицилија кога Македонија ги изненади и со победата од 1-0 ги остави Италијаните без Мундијалот во Катар.