Младата пејачка Анастасија Аврамовска е ново име на естрадта. Таа неодамна имаше настап на „Охрид фест“, каде дебитираше со песната „Ти си мојот херој“ и освои две награди, 3. место од жири и 2. од публика.
Аврамовска пее од дете. Од учеството во многу детски хорови тргнала по својот музички пат.
Музиката е мојот сон, а семејството моја најголема поддршка. „Посебно се радувам што потекнувам од музичко семејство, а тоа само ме направи позрела и ми ги промени гледиштата кон музиката што сакам да ја создавам. Ова беше погоден момент да се појавам на еден од нашите фестивали, за конечно да почне и остварувањето на моите повисоки цели“, вели Анастасија, која веќе се подготвува за настап на „Макфест“ каде ќе ја промовира својата втора песна.