Македонската претставничка на Евровизија Андреа Коевска, ги спакува куферите и замина за Торино, Италија каде ќе се одржи Евровизија.
Андреа сподели детали како се подготвува за Торино и дека нејзината мајка и помага во пакувањето.
22 годишната пејачка изминатиот период имаше претставување на песната Circles во неколку земји, а на втората полуфинална вечер на 12 мај на сцената во Торино ќе настапи 11-та.