(Видео) Андреа го промовира спотот за песната за Евросонг

Денеска, на официјалниот јутјуб-канал на Евровизија, е промовиран спотот за песната Circles со која Андреа ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Торино.

Спотот е во продукција на Македонската радио-телевизија, го режира Горан Цветковиќ, а за стилот се погрижи Цаце Паковска. Видеото е снимено на повеќе препознатливи локации во Скопје и доминираат Андреа и природната емоција на нејзиниот лик.

„Јас, искрено, сум презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“, вели Андреа за спотот и додава дека тимската работа и заемната позитивна енергија биле пресудни за одличното видео.

„Морам да го пофалам тимот на МРТ, кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и во проектот“, вели таа.

Андреа Коевска: Сакам да имам и најубаво тело на Евросонг, поспремна не сум била

Scroll to Top