(Видео) Андреа одлична на евровизискиот концерт во Израел, фановите велат треба да влезе во финале

Македонската пејачка Андреа Коевска беше една од 24-те евровизиски претставници кои вчеравечер пееја на пред евровизискиот концерт Israel Calling во Тел Авив, Израел. Таа во преполната арена Менора Мистичим ја изведе песната Circles и доби само пофалби од фановите.

„Навистина ми беше чест што ја имав можноста да те следам во живо, го имаш мојот глас и моето срце“, „Оваа песна заслужува да влезе во финале“, „Твојата изведба во живо е неверојатна“, „Беше фантастична“, се дел од коментарите што ги доби Андреа на социјалните мрежи по настапот.

Годинава Евровизија ќе се одржи од 10 до 14 мај во Торино. Андреа ќе настапи 11. по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12 мај.

Scroll to Top