(Видео) Андреа во Торино го фрли македонското знаме на земја

Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг, додека ја фотографираа во Торино ги збуни присутните, откако полна со себе го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него.

Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Претставувањето на Андреа почнува од  55:40 минута во видеото.

Денес е свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, оти организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

 

 

Македонската Андреа Коевска дојде облечена во веќе препознатливиот стил, овој пат со кожени ракавици, а во рацете држеше македонско знаме.

Водителот и посака ѝ добредојде на македонски јазик: „Добредојдовте на Евровизија“.

Scroll to Top