(Видео) Андријана Јаневска си направи ќеф со моторот и извозе 450 километри во еден ден

Пејачката Андријана Јаневска објави видео додека вози мотор ѝ се пофали дека извозела 450 километри со него за еден ден. Покрај тоа што свири виолина, во последните неколку години вози мотор.

За „Репортер“, ни кажа дека вози „Хонда Сузуки“, и дека на почетокот идејата да вози мотор не им се допаднала на сопругот и татко ѝ.

„Не знам ни јас како се решив. Кумот наш вози мотор, па еден ден дојде, свртевме еден круг и сфатив дека тоа е тоа. Кога одев на часовите за да полагам за мотор, во еден момент си реков, што ми е мене, ама ете адреналинот си го направи своето“, открива Јаневска и додаде: „Но, јас многу внимавам и возам со 16 очи отворени“, ни рече Андријана.

Scroll to Top