(Видео) Антониа Гиговска како Шакира

Со хитот на Шакира, Whenever, Wherever, пејачката Атониа Гиговска повторно го воодушеви жирито на „Пинкови ѕвездички“. Тие, како и во претходните две емисии, не штедеа комплименти за Антониа и за нејзината имитација на светската ѕвезда.

„Твојот глас, пеeњето, танцувањето, на момент помислив дека Шакира е на сцената пред нас“, ѝ рече Милан Станковиќ на Антониа.

Таа, пак, откри дека прво сакала да пее песна од Сиа, потоа од Мараја Кери, а на крајот се решила за Шакира и за нејзиниот прв светски хит. Ова е трет настап на Гиговска на годинашните „Пинкови ѕвездички ол стар“ на кои сега се натпреваруваат најдобрите од претходните четири сезони. Таа е единствената Македонка на ова натпреварување.

Scroll to Top