Македонскиот пејач, кој веќе 15 години живее во Америка, Антонио Тасевски, е редовен гостин на сите свадби, свршувачки и крштевки на нашите иселеници во Чикаго.
„Многумина од нашите иселеници ме викаат да им пеам македонски песни за нивните најубави моменти. Убаво е што се негува традицијата за свадби, свршувачки и крштевки да се пее наша македонска песна. Настапувам и во многу локали во Чикаго, пеам и забавна и народна музика. Сакам да ги правам луѓето среќни“, вели Антонио Тасевски.
Тасевски во 2001 година заедно со своето семејство одлучил да ја напушти својата татковина во потрага по подобар живот. Вели дека негови идоли се Тоше Проески и Наум Петрески, а денеска заедно со својата сопруга има компанија за транспорт на автомобили.