Гостиварскиот рок-бенд „Ареа“ преку социјалните мрежи ја промовира песната „Отсекогаш“, со која го најави шестиот студиски албум.
Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот.
Тие снимија и видео за новата песна на неколку локации, а повеќето од нив се на Маврово, во црквата „Св. Никола Летен“. Во видеото се појавуваат Марија Стојаноска и Илија (Трале) Левески. Режисер на спотот е Даниел Јовески.
Неодамна во интервју за „Репортер“, Ружица рече дека иако понекогаш прават поголеми паузи, секогаш ќе се враќаат на сцената и пред својата публика.