18-годишниот битолчанец Божидар Николовски отсекогаш сакал да се занимава со музика. Тој неодамна го сними својот прв кавер и ја препеа песната „Осамен“ од Трајче Манев. По објавувањето на видеото, Божидар доби бројни пофалби за изведбата.
Песната „Осамен“ Манев ја испеа на „Макфест“ 1987 година. Таа и претходно била преработувана. За многумина оваа е една од најубавите песни испеани во осумдесеттите години.