(Видео) „Блу бенд“ снимија песна на српски јазик

Македонските музичари „Блу бенд“ ја промовираа својата трета песна, „Буди моја“. Ова е нивна прва песна на српски јазик. Песната е авторско дело на момците од бендот, Димитар Симонов и Зоки Зоц, а аранжманот го направи Дејан Стојановиќ од „Либеро бенд“. Спотот е снимен на неколку локации низ Македонија, а го режираше Алек Тасевски.

Со новата песна момците од „Блу бенд“ најавија дека песните ќе им одат во друг музички правец. Тие претходно ги снимија песните „Револвер“ и „Лажи ме“, од соработката со „2Бона“.

Scroll to Top