Нашиот ракометен херој меѓу мрежите Борко Ристовски уживаше во топлите денови со својата сакана, прекрасната Нина, во Хрватска, каде беше дел од Интернационалниот кам за ракометни чувари на мрежата.
Заљубената двојка одморот го искористија максимално за да бидат заедно, а дека не можат еден без друг, покажуваат и фотките кои ги направија и по нивното враќање. Борко и Нина по престојот во Хрватска, се вратија во нашиот прекрасен македонски бисер Охрид.
Преку ден се сончаа, се капеа, а во вечерните романтични часови ги искористија за прошетка низ градските улици…
Нина постираше и видео каде на најдобриот македонски голман можеше да се забележи како му ги пејат најдобрите забавни и народни песни.