(Видео) Борко Ристовски јавно ги навреди Перо Антиќ и Кире Лазаров: Едниот пиел и излагaл, другиот ги утнал ракометарите

Голманот Борко Ристовски во гостување на видео поткаст кај Бомбакис, јавно ги навредуваше Перо Антиќ како прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија и Кире Лазаров, слектор на македонската ракометна репрезентација. Во критиките упатени Лазаров, Борко вели дека селекторот го утнал изборот на играчи и рече дека со играчите треба да изгради пријателски однос.

„Кире Лазаров беше еден од најдобрите играчи на својата позиција во историјата на ракометот. Светски, не наш. Кај нас убедливо најдобар играч. Тоа нема дилема. Но тоа се заборава и таа врата се заборава и сега се отвора нова како селектор.  Кога си тренер или селектор повеќе до израз доаѓаат квалитетите како тренер, но и човечките односи. Треба со играчот да имаш конекција и да го мотивираш за да даде максимум за репрезентација. Треба да имаш пред се пријателски однос“, вели Ристовски.

Освен за Кире, тој не се воздржа, a да не каже нешто и за Перо Антиќ со кого немал никаков контакат.

„Како спорист е врвен кошаркар. Стигна до НБА, секоја чест и дај боже да имаме уште 10 спортисти како него, но кога стана претседател ка КФМ викам супер после Пеце пак ќе дојде спортист. Неговата прва одлука со најголема букви да стави Северна Македонија. Ниту една друга федерација го има сменето тоа. Тоа го направи за да се упика на власта. Потоа се слушаа работи низ град што ги правел. Излага, пие, користи бели прашкасти материи. Не заслужува да му биде идол на моето дете“, вели Ристовски во поткастот на Бомбакис.

Не е тајна дека Ристовски јавно зборуваше до сега за Кире и дека не му се допаѓа како ја води репрезентација, ама изненади што јавно го прозва и Перо Антиќ кој неодамна беше повторно избран за претседател на КФМ.

Scroll to Top